Часот за акција ја погоди и кинеската престолнина Пекинг: претседателот на НР Кина Си Дзинпин објави војна на радикалната група “Исламска држава”, откако екстремистите егзекутираа 50-годишен кинески државјанин, пишува британскиот весник The Daily Express.
Кинеските власти реагираа на трагичната вест со ветување дека ќе се вклучат во војната против џихадистичката организација која е активна главно во земјите од Блискиот Исток.
„Кина ќе ја зајакне соработката со меѓународната заедница, решително ќе се справи со жестоките терористички операции, кои ги опустошија животите на невини луѓе и светскиот мир и безбедност“, изјави Си Дзинпин.
Неодамнешните настани во малиската престолнина Бамако, каде се разигра уште една заложничка криза беа фатални по животот на 27 лица и налеаа дополнително масло на огнот, откако стана јасно дека тројца кинески службеници на железничка компанија се меѓу загинатите во хотелот “Радисон”.
„Кинеската влада категорично ги осудува овие нехумани дејства и дефинитивно ќе ги поведе сторителите под одговорност“, увери претседателот на Кинеската народна република.
Со огромна артилерија и повеќе од два милиони војници, армијата на Пекинг ќе претставува сериозна закана за терористите.