Дваесетгодишната студентка Мелиса Мевил од Англија била на патување низ Индија. Налетала на крава, па мислела дека ќе биде забавно ако ѝ запее. Забавно било, ама не како што замислувала.
Мелиса се враќала во својот хотел во Џасламер во Раџахстан, кога на улица забележала прилично голема крава. Воодушевена од големината на животното, почнала на шега да ѝ ја пее „My humps“ на Black Eyed Peas.
На кравата тоа баш ѝ не и се допаднало. Всушност, била толку вознемирена што ги насочила роговите кон Мелиса (да, кравите имаат рогови) и ја нападнала.
Мелиса завршила со повреди на лицето, рамењата и колената…
„Ударот беше толку силен што одлетав неколку метра во воздух, по што паднав на земја и ги повредив колената. Лицето и рамењата ми беа расечени“, вели Англичанката. „Претпоставувам дека беше многу нерасположена; на мене имаше толку многу крв. Сепак, тоа беше забавно искуство. Во болки сум, и тоа секако ме нервира, ама целата работа секако беше смешна“, додава.
Којзнае, може кравите сепак преферираат Моцарт.