Педијатриски трик за смирување на бебиња

Педијатарот Роберт Хамилтон повеќе од 30 години работи со деца. Патем, тој има своја техника на смирување на расплакани бебиња. Изгледа мошне едноставно, но делува, барем во повеќето случаи.

Прво, ги преклопувате рачињата пред градите на бебето. Ги префаќате со својата рака, со тоа што со показалецот и палецот формирате потпирач за брадата. Со другата рака го фаќате бебето за задникот и нежно, без нагли движења, го нишате под агол од 45 степени, за да не го зафрли главчето наназад и да изгубите контрола и рамнотежа.

- Реклама -