Пазарот, купувачот и FMCG индустријата во 2015та година

Динамиката на промените на пазарот наметната од развојот на технологијата, постерецесивниот и глобален развој, како и зголемената конкуренција произведуваат потреба од зголемено внимание на начинот на купување од аспект на потрошувачко однесување од една страна, но и ефикасност и тактики на комуникација во каналите на продажба и дистрибуција од друга страна.
Напредните технологии, рецесијата, глобализацијата и зголемената конкуренција наметнуваат секојдневно потреба од нови пристапи во комуникацијата со модерниот купувач.
Еден од начините да се биде во тек со секојдневните промени на пазарот на потрошни добра е да се учи и тоа од најдобрите од индустријата.

Во таа насока, Едукативниот и развоен центар на Seavus организира тренинг кој ќе им овозможи на сите учесници да запознаат нови и ефикасни тактики за лидерско управување. Целта на овој тренинг е да им се обучат сите учесници во кои управуваат со дистрибутивните канали да бидат поефикасни и побрзи во делувањето.

На овој начин, на учесниците на овој тренинг ќе им дадат знаења и насоки кои во иднина ќе им бидат од голема корист во бизнис светот. Оттаму ќе излезат подготвени да ги познаат навиките и потребите на современиот купувач, ќе изградат сопствен продажен стил, ќе успеат да се мотивираат себе и своите соработници.

Обуката е по најсовремена методологија на DOOR, сертификатите се меѓународно признати.

FMCG

- Реклама -