Павле Богоевски: И јас имам околу педесетина прекршочни казни, од 50, 100 па и повеќе евра

По бурните реакции во јавноста и на друштвените мрежи, и особено по личната прозивка од Ирена Ристиќ, со коментар за казната за фрлање боја на Најчевска се огласи и пратеникот Павле Богоевски.

„Казните редовно ми стигаат, сè уште немам платено ниту една, сè уште чекам да се соберат сите за да видам колку се. Јас имам околу педесетина прекршочни казни, првите казни беа по 50 евра, после 100, па следните и повисоки“ – вели Богоевски за „Слободен печат“.

Според него, и други функционери имаат добиено казни.

Богоевски, сепак, се сложува дека е во најмала рака спорно тоа што учесниците во протестите од „Шарената револуција“ не се ослободуват од одговорност. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -