Сеќавањата на Шарената револуција се сè уште свежи и јавноста добро знае дека професорката Мирјана Најчевска не е единствената што фрлаше боја по државните институции. Во случај некој да има подзаборавено, има тон материјал за потсетување. И покрај тоа, засега единствено Најчевска е казнета со 200 евра за фрлање боја.
Тоа ги разбранува друштвените мрежи, а ретко кој не е согласен дека се работи за апсурд, особено што добар дел од фрлачите на боја „беа казнети“ со државни функции. Меѓу најконкретните во критиката е актерката Ирена Ристиќ. Таа предложи да се соберат пари за да се ѝ плати казната на Најчевска, и притоа тоа да биде направено јавно, како „поздрав до Павле, Рада, Зоки и остали лоши стрелци!“.
„Симболике ради, треба да се екипираме ние неколку души и да собереме средства за казната на Најчевска и со свечена церемонија и пренос на тв, да ги уплатиме!
Она не смее денар да плати!
И да ги поздравиме Павле, Рада, Зоки и остали лоши стрелци!
*лајк ќе значи 100 денари, а у коментар пишете ако давате поише.“, порача Ристиќ.