Пато се враќа во Европа?

Директорот на Коринтијанс, Роберто де Андраде не ја отфрла можноста Александре Пато да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

На почетокот од оваа година, Александре Пато се пресели во Коринтијанс по пет ипол години поминати во Милан.

Шпекулациите велат дека Тотенхем се обидувале да го ангажираат Пато во летниот преоден рок, но фудбалерот одбил преселба на Вајт Харт Лејн.

Информациите од Англија велат дека Андре Вилаш Боаш нема да се откаже од намерата да го има Пато во својот тим па во јануари Тотенхем ќе испрати нова понуда, но интерес за Бразилецот има и од Арсенал кој веројатно би бил и поатрактивна опција за фудбалерот.

Директорот на Коринтијанс, Андраде не ја отфрла можноста Пато да биде продаден во јануари.

„Гледајќи ја неговата вредност, мислам дека би било тешко тој да се пресели во друг бразилски клуб” – вели Андраде за радиото Bandeirantes.

„Доколку има интерес од Арсенал и Тотенхем за Пато, ние не ја отфрламе можноста тој да биде продаден во зимскиот преоден рок”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -