Патничка класа – последна

Водечките светски авиокомпании презентираат нова можност за патниците – да се возат во т.н. “последна класа”.

The empty cabin of an airplane

Седиштата во оваа категорија се полоши од оние во “економската класа”. Оваа нова категорија ќе биде наменета за патниците кои бараат апсолутно “минимална цена” на летање без никакви дополнителни добра и удобности. Овие евтини места ќе бидат новиот начин на кој водечките авио компании ќе се борат против нискобуџетните конкуренти, кои сериозно им “крадат” од прометот. Некои од најголемите нискобуџетни компании ги вклучуваат имињата на Ryanair и Spirit. Американската Delta Airlines на пример, обезбедува места во т.н. “базна економска класа” (последна класа), која не може да се замени со друг вид билети, или за други денови. Купувачите нема да имаат право да ги добијат парите назад, ако се откажат од патувањето. Од уште една американски компанија – American Airlines, најавија дека следната година ќе понудат поевтини билети за патниците, кои нема да се одликуваат со особено големи привилегии.

M_2604957a

“Со оглед на големиот успех на нискобуџетните компании кои украдоа околу 50% од нашите приходи и недостигот на конкуренција на овие компании, сфативме дека треба да се понудат услуги со цена еднаква на нивната”, коментира Скот Кирби, претседател на American Airlines.

Според некои експерти патниците во т.н. “последна класа”, ќе се чувствуваат како жители од “втора рака”. Трендот кон потрагата по евтини авионски билети сепак едвај ќе се промени наскоро, па авиокомпаниите не можат да направат ништо друго освен да го следат.

- Реклама -