Откако глумците Роберт Патинсон и Кристин Стјуарт се венчаа на големото платно во серијалот Twilight, двојката ќе скокне во тавче и во реалниот живот.
По четиригодишна врска, 26-годишниот Роберт ја запроси својата 22-годишна девојка Кристин, пишува списанието „ОК“. Тој одлучил да ја побара нејзината рака со смарагден прстен, а магазинот пишува дека на нивната свадба ќе присуствуваат Шарлиз Терон и Кејти Пери.
Двојката се запозна на снимањето на првиот дел од „Самрак“, во 2008 година, а со години успешно ја криеја нивната љубов надвор од филмското платно. Тие прв пат се бакнаа во јавноста на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал.
{youtube}gOsMzVVH8Zw{/youtube}