Паштета од пченица и месо

Пченицата е најважна и најраспространета житарка во светот. Лебот, тестенините, пецивата, колачите се само некои од производите што се прават од пченица. Пробајте да си направите и паштета од неа во комбинација со месо.

Состојки:1кг. јунешко месо, половина чешне лук, 3 главици кромид, 1кг пченица, 500г јагнешко месо, 200г пржени пињоли, брашно, 50г путер, бибер, сол

21756_4-5pasteta-shutterstock_65693599_iff

Подготовка: Јунешкото месо смелете го заедно со лукот и кромидот. Посолете и наросете бибер. Пченицата прелијте ја со вода, оставете ја два часа да отстои, исцедете ја и исушете ја. Измештајте ги пченицата и месото да добиете хомогена смеса, па одвојте една половина и ставете во подмачкана тепсија со путер преку еден слој брашно со дебелина од еден сантиметар. Исецканото јагнешко кратко пржете го на зејтин и помешајте со сецкан динстан лук, посолете, наросете бибер и додадете ги пињолите. Рамномерно нанесете ја смесата преку претходната смеса во тепсијата и прекријте со останатиот дел од пченицата и јунешкото. Одозгора прелијте со стопениот путер и печете.

Добар апетит!

- Реклама -