Екипата на Шпанија во еден крајно неизвесен натпревар на крајот славеше над Грција. Најзаслужен за победата беше тандемот Гасол-Миротиќ кои заедно постигнаа 45 поени. По натпреварот, Гасол изјави дека „Црвената фурија“, не е дојдена на Европското првенство за да се предаде.
„Уште пред доаѓањето ни беше јасно дека со две победи ќе одиме на Франција, но ние сме овде за да го победиме домаќинот. Денеска против Грција покажавме исклучителен квалитет и со истиот тој пристап можеме да се носиме и со Французите. Битката ќе биде тешка, но ние сме подготвени бидејќи живееме во денес за денес, не сакаме да се навраќаме на последните пресметки со овој противник“ – изјави Гасол, свесен дека Шпанија, на ова Европско првенство ја нема фаворитската улога.
Од друга страна, Франција, вториот полуфиналист, славеше над Летонија, а клучниот човек за триумфот на „Триколорите“ беше Тони Паркер, кој што врза неколку важни поени по ред и им го презеде водството на Летонците.
Овие две екипи ќе се сретнат на утрешниот полуфинален натпревар.