Парите не се на прво место за Унахи – новиот клуб ќе го бира на друг начин

Мароканскиот фудбалер, Азедин Унахи кој привлече големо внимание на Светското првенство, можеби уште во јануари ќе направи трансфер.

Како најзанинтересирани за 22-годишниот фудбалер на Анже се споменуваат Наполи и Лестер, а цената можеби ќе достигне и преку 50 милиони евра.
 
Мароканецот сепак нема да лета по најбогатата понуда што ќе ја добие, тој вели дека новиот клуб ќе го бира според спортскиот проект.
„Мојот иден клуб ќе биде тој што ќе ми понуди најдобар спортски проект, тоа ќе ми биде главниот фактор при изборот за мојот следен чекор“, вели Унахи.
- Реклама -