2021-ва ќе биде година исполнета со среќа и бериќет за премиерот Заев, барем според верувањето околу бадниковата паричка, која вечерва, во домот на премиерот, паднала токму кај него.
„Информацијата“ ја сподели неговата ќерка Александра, на Инстаграм.
Претходно денеска Заев испрати честитка до граѓаните по повод празникот:
„За многу години Бадник, празникот во предвечерието на големиот христијански ден Божик – рождество Христово. Денеска сите патишта водат кон домот за да се собереме во семејствата со најблиските и сите заедно да ја слушнеме ангелската песна и зборовите ‘Слава на Бога во висините и мир на земјата’, во добрата вест што го најавува раѓањето на Богомладенецот Христос.
Да се исполниме со радост и надеж и да ги празнуваме Бадник и Божик како одговорни граѓани на безбеден начин без при тоа да ги загубиме меѓусебната љубов, блискост и поврзаност. Честит Бадник!“, порача премиерот.