Пареата од Е-цигарата го задушува имунолошкиот систем

Електронските цигари напреднаа со брзо темпо и станаа индустрија со 2 милијарди долари годишен профит од 2007 година, со тврдења дека тие се побезбедна алтернатива од традиционалното пушење.

Тоа можеби е така, на истиот начин на кој ударот во глава со безбол палка е побезбедно од паѓање од зграда, но не значи дека е-цигарите се целосно безбедни. Всушност, ново истражување во PLOS ONE од водечкиот автор Томас Сусан од Џонс Хопкинс Блумберк училиштето за јавно здраство, откриле дека глувците кои биле изложени на пареа од е-цигари имале послаб имунолошки систем отколку оние кои не биле изложени на таа пареа.

„Нашите наоди укажуваат на тоа дека е-цигарите не се неутрални во однос на ефектите на белите дробови“, вели авторот во соопштение за печатот. „Ние забележавме дета тие ја зголемуваат чувствителноста кон респираторните инфекции кај изложените глувци.“

Глувците кои биле изложени на пареата од е-цигара имале инфекции кои биле многу потешки отколку оние кои дишеле свеж воздух, индицирајќи на ослабен имунолошки одговор. За некои глувци, тие инфекции биле смртоносни. Понатамошни истражувања покажале физиолошки промени кај изложените глувци.

„Самата пареа од е-цигарите продуцира благи ефекти врз белите дробови, вклучувајќи воспаление и протеинско оштетување“, објаснува Сусан. „Меѓутоа, ова изложување било проследено со бактериска и вирусна инфекција, штетните ефекти од изложеноста на е-цигара биле уште поизразени. Изложеноста на е-цигарата ја ограничува способноста на глувците да ја исчистат бактеријата од нивните бели дробови, а вирусната инфекција довела до големо губење на телесната тежина и смрт индицирана од оштетен имунолошки одговор.“

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Традиционалниот чад од цигари содржи над 400 токсини, над 60 од кои се познати канцерогени. Наместо да се пуши тутун и да се внесуваат токсини преку чадот како обичните цигари, електронските цигари продуцираат никотин аеродол пареа за корисниците да ја вдишуваат. Иако недостатокот од горењето спречува ослободување на некои хемикалии, сепак постојат голем број на слободни радикали внесени во телото кои можат да ја сменат ДНК-та и да има ефекти кои предизвикуваат рак.

„Иако е 100 пати помало согорувањето од чадот од цигарите, тоа сепак е голем број на слободни радикали, кои потенцијално можат да ги оштетат клетките“, вели Сусан.
Е-цигарите станаат вистински хит на пазарот пред околу седум години, и набрзо станаа дел од поранешните пушачи на цигари. Во 2013 година, било објавено дека повеќе тинјџери користеле е-цигари, што го прави неверојатно важно да се знае ризикот на кој се изложени.

- Реклама -