Во Младинскиот културен центар, во вторник, 15-ти септември, со почеток во 20:30 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Дарко Мораитов, насловена „Парадокс“.
Изложбата ќе биде поставена до 2 октомври, а од 3 октомври („Бела ноќ 2015“) ќе биде поставена изложбата на Горјан Георгиев, насловена „Протест-сексплозија“. На изложбата ќе се обрати и рецензентот Влатко Галевски.