Паоло Ди Канио е именуван за нов менаџер на Сандерленд, Италијанецот потпиша две ипол годишен договор со Црните Мачки.
Ди Канио кој во февруари го напушти Свиндон, го превзема кормилото на Сандерленд и го наследува Мартин Онил кој доби отказ по поразот од Манчестер Јунајтед.
Италијанскиот стратег потпиша две ипол годишен договор со Сандерленд и неговата прва задача ќе биде да избори опстанок во Премиерлигата.
На седум кола до крајот Сандерленд има само бод над зоната за испаѓање.
Ди Канио го очекува тешко деби, неговиот прв натпревар на кој ќе ги предводи Црните Мачки е дуелот со Челзи на Стемфорд Бриџ.
По Свиндон, Сандерленд ќе биде вториот тренерски предизвик за Ди Канио кој како фудбалер го носеше дресот на Лацио, Јувентус, Наполи, Милан, Селтик, Шефилд Венздеј, Вест Хем и Чарлтон.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.