Панталони за генерацијата што не сака да биде етикетирана (особено според полот)

Инспирирани од младата интернет генерација која реши да го оправи општеството почнувајќи од најважното, генерацијата која се навредува од обични зборови како „маж“ и “жена“, а која смета дека најдобриот начин да се спречи дискриминацијата и не дај боже стереотипите и погрешните претстави – е да ги избришеме сите реални разлики и да бидеме потполно исти (во својата уникатност); дизајнерите на SNL создадоа панталони што немаат пол, немаат големина, и имаат боја што е мешавина од сите бои, без ниту една да доминира.

Со други зборови, тоа ќе бидат панталони што го отсликуваат новото утописко општество во кое ќе тече мед и млеко, што пак ќе биде директен резултат на тоа што никој нема да ти лепи такви незгодни придавки како „висок“, „русокос“, „убава“ и слично – бидејќи хеј, тоа не си ти, тоа е само твоето тело. Во тоа ново општество, во кое наместо имиња ќе имаме бројки или рандом ознаки (јузернејм-ови), сите ќе носиме панталони „Woke“ (од „разбуден“, „освестен“) и сите ќе мораме да откопчуваме шлиц кога мочаме… Бидејќи тоа е суштината на еднаквоста, нели?

За среќа, во моментов „Woke“ се само заебанција на SNL (комично шоу, за тие што не знаат). Еве го и скечот во кој ги исмеваат разните тривијални сензитивности на новите генерации, со Рајан Гослинг во главна улога.

- Реклама -