Според пишувањата на италијанските медиуми македонскиот фудбалер ќе заработува 1,3 милиони евра годишно.
Горан Пандев и Џенова имаа договор уште во јануари, но истиот не се реализираше поради неговиот тежок договор со Галатасарај.
„Се враќам во Италија“, изјави пред неколку дена за „Македонски спорт“, Горан Пандев кој веќе има големо искуство во Серија А. Настапуваше во дресот на Анкона, Лацио, Интер и Наполи.
Инаку Пандев вечерва нема да биде во стартниот тим на Галатасарај против Коњаспор во Купот на Турција.
Повеќе детали во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“.