Горан Пандев постигна погодок во победа на Наполи над Џенова, Денис го шокираше Интер за 12 минути, Аталанта славеше на Џузепе Меаца.
Наполи се зацврсти на втората позиција на табелата откако ја победи Џенова, а Милан одигра нерешено на гостувањето кај Фиорентина.
Горан Пандев постигна нов погодок за Наполи, нашиот интернационалец го отвори резултатот на Сан Пауло.
Пандев постигна убав погодок во 18. минута и му донесе водство на Наполи од 1-0.
Во 29. минута Џемаили реализираше за конечни 2-0.
Во второто полувреме Кавани не успеа да реализира удар од белата точка.
Аталанта му нанесе нов удар на Страмачони чие столче се повеќе се тресе, славеше на Џузепе Меаца со 4-3.
Интер поведе со голот на Роки во 43. минута, Бонавентура во 56. го изедначи резултатот на 1-1.
Алварез реализираше два пати за предност на Интер од 3-1, но Нероазурите успеаа да го прокоцкаат водството.
Денис од 65. до 77. минута погоди три пати за победа на Аталанта од 4-3.
Фиорентина и Милан одиграа 2-2.
Милан имаше предност од 2-0 благодарение на головите на Монтоливо и Фламини.
Но, Љајиќ од пенал и Пизаро ја спасија Фиорентина од пораз.
Во останатите натпревари од Серија А, Палермо со 3-1 победи на гостувањето кај Сампдорија, со истиот резултат Удинезе го совлада Киево, немаше погодоци на дуелите Катанија – Каљари и Сиена – Парма.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.