Пандев повторно стрелец проти Баерн Минхен (видео)

Горан Пандев и натаму е кошмар за екипата на Баерн Минхен, откако синоќа, на контролниот меч што се одигра во Тренто, со погодокот му помогна на составот на Наполи да слави со 3:2 над актуелниот германски вицешампион.

Македонскиот ас му помогна на Интер да го совлада Баерн во финалето од ЛШ во 2010 година, а следната сезона со прекрасен погодок во самиот финиш на дуелот на „Алијанц Арена“ го елиминираше баварскиот гигант од натамошните борби во елитното европско натпреварување.

Серијата успешни настапи против европскиот гигант продолжи и на вчерашниот пријателски дуел, откако Пандев постигна еден од трите гола за Наполи во победата од 3:2. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 60. минута, на местото на Варгас, и веднаш стави свој печат врз мечот, откако само седум минути подоцна постигна погодок за водство од 2:1.

{youtube}wQwnQdM1cek{/youtube}

Нешто подоцна Шакири од слободен удар израмни на 2:2, но следеше нова успешна акција на „Наполитанците“ што младиот Инсиње ја претвори во погодокот и му ја донесе победата на италијанскиот тим.

- Реклама -