Македонскиот фудбалер, Горан Пандев вели дека големата прослава по погодокот против Лацио не била непочитување кон навивачите, неговата реакција била упатена кон претседателот на римскиот клуб, Клаудио Лотито.
Пандев синоќа одигра одличен натпревар против неговиот поранешен клуб Лацио, Македонецот постигна погодок и имаше асистенција.
Голема беше радоста на Пандев по постигнувањето на голот, таквата негова реакција наиде на свирежи од навивачите на Лацио.
По натпреварот, во интервју за Sky Sports Italia, Пандев ја објаснува прославата.
„Сакам да разјаснам. Немам ништо против навивачите на Лацио, го сакам овој клуб, имав прекрасен период тука и секогаш ќе бидам благодарен за тоа” – вели Пандев.
„Но сите ги знаат работите кои се случуваа помеѓу мене и претседателот Лотито, па моето славење на погодокот беше само порака до него, ништо повеќе од тоа”.
Teкстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk