Македонскиот фудбалер, Горан Пандев смета дека Наполи доколку сака да напредува, не смее да дозволи Мацари и најдобрите фудбалери да не бидат во тимот следната сезона.
Чести се шпекулациите кои го поврзуваат Единсон Кавани со заминување од Наполи, а договорот на Валтер Мацари истекува по завршувањето на сезоната.
Горан Пандев смета дека Наполи треба да ги задржи најдобрите доколку сака да напредува.
„Доколку Наполи сака да продолжи да напредува тогаш Единсон Кавани, Марек Хамшик и Валтер Мацари треба да останат” – изјави Пандев за Il Mattino.
„Тренерот беше навистина важен за мене. Навистина ме сакаше во овој клуб, ми даде верба и ме препорoди”.
„Тој врши исклучителна работа тука, и според мене е најдобриот италијански стратег. Се надевам дека ќе остане тука за Наполи и за мене”.
Наполи викендов му гостува на Милан, директниот ривал за позициите кои водат во Лигата на Шампионите.
„Нема да биде лесно да се победи на Сан Сиро, но тоа не е и невозможно” – смета Пандев.
„Треба да бидеме максимално фокусирани на натпреварот”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.