Панче Тошковски ќе биде технички министер за внатрешни работи во преодната влада, на предлог на ВМРО – ДПМНЕ, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика, соопшти Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју во Топ Тема на ТВ Телма.
Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен заменик – министер за финансиии во техничката Влада е Елена Петрова, за информатичко општество Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
За предлозите за министри и заменици министри вечерва во 20.30 часот ќе заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тошковски е адвокат по професија, доаѓа од Велес, бил член на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, ја води партиската комисија за правни работи. Моментално работи во адвокатска канцеларија, рече Мицкоски, додавајќи дека за началникот на СВР Скопје и други структури ќе се дефинираат од понеделник, затоа што во недела е гласањето на кабинетот на техничкиот премиер.
Инаку, Тошковски бил ангажиран во АД ЕСМ додека Мицкоски бил директор на оваа компанија и на новинарско прашање дали договорите што ги склучувал со него за адвокатски услуги изнесувале 8,85 милиони денар, а го плаќал како надворешен адвокат, Мицкоски рече дека „тие што го покренале случајот го изгубиле и потоа требало да се извинат“.
-Таков договор за завршена работа ниту претходно, ниту после тоа АД ЕЛЕМ нема направено, најважно е што догоровот во најголема мерка е сервисиран од страна на раководството кое мене ме наследи како директор во тогашно АД ЕЛЕМ. Имам доверба и ценам дека довербата ќе ја искористи во рамки на можностите, рече Мицкоски.
Наќе Чулев, посочи претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде дел од структурата на ВМРО – ДПМНЕ, негов близок соработник и во идната влада на ВМРО – ДПМНЕ ќе има свое место.
-Овие 100 дена можеби не можеме да очекуваме чуда, чуда се невозможни за 100 дена имајќи предвид дека сите технички валди влади досега биле Влади на конфликти, но ако успееме изборниот процес да му овозможиме природен тек, да има доверба граѓаниннот, дека е фер и демократски, тоа значи дека сме успеале, нагласи Мицкоски.
Петровска доаѓа од УЈП, каде работи повеќе од 25 години, дипломирна економист. Според Мицкоски, станува збор за исклучителен професионалец кој цени дека може многу да придонесе за конкурентен тим во Министерството за финансии. Таа не била политички досега ангажирана, но како професионалец може да даде вредност во работата на МФ и тоа ќе се почувствува и за неа имаме планови во идната Влада на ВМРО – ДПМНЕ, наведе Мицкоски.