Прво, ѕирнете ги сликиве:
Сега кога имавте доволно време да ги погледнете, на нешто да ви укажеме:
• Во првата слика, жената на левата рака има 6 прсти.
• Во втората слика, на рамото на мажот е потпрена фантомска, вишок рака.
• Во третата слика, мажот има едно уво.
Ги забележавте ли овие детали при прво гледање? Веројатно не. Ама сигурно забележавте дека мажот во секоја од сликите има остатоци од храна на забите. Е па тоа е и поентата на рекламата, да ви укаже дека треба да ги миете, зошто остатоците од храна се првото нешто што го забележуваме.