Многу совесни возачи се жалат дека „лежечките полицајци“ дискриминираат, и донекаде со право; ако има несовесни возачи што не ги почитуваат ограничувањата на брзините, не значи дека сите треба практично да запираме и да ги кршиме колите врз лежечки препреки. Од друга страна, Џим Џефрис (комичар) има добра поента: така функционира општеството. Тие неколку серковци се доволни за ние останатите да не можеме да имаме убави нешта.
Ама не мора да е така, барем не во случајот со лежечките полицајци. Особено сега, кога измислија ем лежечки, ем паметни.
Овие „смарт“ бариери прават селекција меѓу возачите, казнувајќи ги несовесните, а наградувајќи ги оние кои ги почитуваат ограничувањата на брзините. Се подигаат само кога наидуваат автомобили кои се движат побрзо од дозволеното. Системот работи на принцип на камери кои ја мерат брзината на возилото. Кога ќе регистрираат возач што се движи со дозволена брзина, лежечкиот полицаец останува неактивиран.
Изумот доаѓа од Мексико. Се надеваме дека ќе дочекаме да го видиме и по нашите улици.
https://youtu.be/xh_XZJX5zpU