Холивудската актерка Памела Андерсон, како што може да се види на нејзиниот Твитер профил, е многу вознемирена од апсењето на Џулијан Асанж – основачот на Викиликс. Андерсон, која му е пријател и поддржувач на Асанж, САД, Велика Британија и Еквадор ги нарече „ѓаволи, лажговци и лопови“.
„Шокирана сум… Не можев јасно да чујам, што рече кога го апсеа? Тој изгледа многу лошо…
Како можеше, Еквадоре? А да, бидејќи ве разоткри.
Како можеше, Британијо? А да, затоа што си американска куч*а и ти треба диверзија од твоето идиотско ср*ње со Брегзит.
А Америка? Оваа токсична кукавица од претседател, му треба да си привлече гласачко тело? Ти си себична и сурова. Целиот свет го преврте наопаку. (Не е јасно дали се однесува на Трамп или на САД општо).
Вие сте ѓаволи и лажговци и лопови.
И ќе СКАПЕТЕ.
А НИЕ ЌЕ СЕ КРЕНЕМЕ“, порачува Андерсон со емотикон на стисната тупаница.
And the USA ?
This toxic coward of a President
He needs to rally his base? –
You are selfish and cruel.
You have taken the entire world backwards.You are devils and liars and thieves.
And you will ROTTAnd
WE WILL RISE ✊— Pamela Anderson (@pamelaanderson) April 11, 2019
Асанж е уапсен денеска во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако таа земја му го укина азилот. Таму Асанж се наоѓаше од 2012-та година, за да избегне судење во Шведска под обвинение за сексуално злоставување (истото во меѓувреме беше отфлено, но сега, по апсењето, жените што го обвинуваат најавуваат дека можеби повторно ќе се обидат), но и да избегне екстрадиција во САД, каде што е обвинет за обелоденување на доверливи воени и дипломатски документи на омразениот (за владите) Викиликс. А како што објави Викиликс, апсењето е токму поради барањето на САД Асанж да биде испорачан и има големи шанси тоа да се оствари.