Наспроти широкото мислење дека обликот на носот може да укаже на големината на машкиот полов орган, вистината е дека носот всушност нема никаква врска со тоа. Но, палецот има!
Порталот Intimatemedicine тврди дека формата на палецот многу зборува за формата, дебелината, должината и закривеноста на пенисот.
Форма
– Мажите кои имаат палец кој на почетокот е широк, а кон врвот видливо се стеснува, имаат пенис со иста силуета. Тој завршува со малку потенка глава, додека целиот труп е прилично широк
– Главата ќе биде широка ако палецот се шири кон врвот
– Кога пред вас има маж со долги и дебели палци, кои на врвот се стеснуваат, во неговите панталони ќе најдете прилично голем и широк пенис со мала главичка
– Ако формата на палецот е тесна, а на врвот близу ноктот видливо се шири, тогаш главата ќе биде видливо поширока од целиот пенис
– Мажите кои имаат убава и женствена форма на палци исто така имаат убав и пенис со иста ширина од горе до доле
– Ако прстите се малку закривени, немојте да се изненадите ако и неговиот пенис е благо накосен
Должина
Тука има две теории, а вие проверете која е точна кај вас. Едната вели дека соодносот помеѓу палецот и показателот ја покажува димензијата на неговата гордост. Колку е помал соодносот толку е поголем пенисот. Втората теорија е дека пенисот е три пати подолг од палецот.
Ширина
Процената на ширината на пенисот на основа на палците е стопроцентна, ако вашиот поглед е доволно прецизен. Кога ја набљудувате ширината на палецот, не гледајте само од средината, туку од почетокот до врвот на прстот. Секако, зборуваме за надворешната страна на палецот, а не на внатрешната.