Паднати од Марс: Што се не знаат мажите за своите избранички?

Мажите ги следи лоша репутација дека немаат многу слух за потребите на понежниот пол и дека не обрнуваат доволно внимание. Една неодамнешна анкета го потврди токму тоа.

Изненадувачки е што се не знаат мажите, и тоа оние во долга врска или брак, за своите партнерки.

http://judionlove.files.wordpress.com/2012/09/man-and-woman-arguing.jpg

  • 54 проценти од мажите не го знаат бројот на мобилниот телефон на партнерката.
  • Еднаков дел од мажите (54%) не знаат кој и е омилен пејач/пејачка/група и омилена песна.
  • 39 проценти не ја знаат големината на градникот на својата партнерка.
  • 35 проценти не се сеќаваат точно каде се запознале со саканата.
  • 23 проценти не знаат кој број чевли носи таа, ниту пак го знаат конфекцискиот број на нејзината облека.
  • 20 проценти од испитаниците не знаат која од пријателките на нивната партнерка таа ја смета за најблиска.
  • Повторно, 20 проценти не знаат дали нивната партнерка е алергична на нешто.
  • 11 проценти не се сигурни која е природната боја на нејзината коса.
  • 10 проценти не го знаат точниот назив на работното место на својата избраничка.

Интересно, зар не? Очекуваме да видиме како жените ќе одговорат на истите прашања во однос на своите парнери, а не помалку забавно би било и кога двата пола би ги одговориле истите прашања за самите себе.

- Реклама -