Падна руски Ербас со 224 патници

Рускиот Ербас А-321 денеска се урна во централниот предел на Синајскиот залив во Египед 20тина минути по полетувањето од аеродромот на  Шарм-Ел-Шеик.

Во авионот се превезувале 217 патници и 7 членови на екипажот. 17 патници биле на возраст помеѓу 2 и 17 години. Според најновите информации од екипите кои се пуштени на терен од трупот на авионот се слушаат гласови, што отвора можност дека некој од патниците преживеал.

Пронајдена е и црната кутија.

Претседателот на Русија, владимир Путин, утрешниот ден го прогласи за ден на жалост.

 

 

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -