Македонското претставништво на светскиот бренд за накит Oxette, се закити со втора награда/признание од Град Скопје за најдобар трговски објект во категоријата накит и модни додатоци. Врз основа на истражувањето на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWAT Research денес градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во 7 категории, меѓу кои се најде и Oxette.
”Oва е навистина големо признание и за нас како застапници на Oxette во Македонија но и за самиот светски бренд, посебно бидејќи ова е второ признание за нас. Наградата е само потврда на нашата долгогодишна упорна работа и желба на македонските потрошувачи да им обезбедиме накит со светски дизајн и квалитет”, изјави Елена Јанкоска, сопственик на Oxette Mакедонија.
Продавниците на Oxette во Македонија се наоѓаат во Градскиот Трговски Центар (ГТЦ), Рамстор и Skopje City Mall. Оxette успешно го носи статусот на префинет, елегантен, модерен и уникатен бренд.