Овошје што гарантира здрави и бели заби

Ако сакате да имате здрави и бели заби, тогаш секојдневно морате да ги употребувате повеќето од овошјата на оваа листа.

Јагода

Јагодата е овошје кое го одржува здравјето на забите. Јагодата содржи киселина, односно овошна киселина која не дозволува остатоците од храна да ја напаѓаат забната глеѓ, а со тоа ја одржуваат чистотата на забите, како и нивното здравје.

Јаболко

Јаболкото е природна четка за заби. Кога го загризувате ги чистите забите со тоа што дел од него поминува низ просторот помеѓу забите, а со овошната киселина придонесува да се уништат бактериите и да се обнови сјајот.

Банана

Кората од банана е стара техника за белење на забите. Пробајте да ги масирате забите барем две минути со внатрешниот дел од кората на бананата. Потоа измијте ги со паста и четка за заби. Резултатите ќе ги забележите набрзо.

Прочитајте и:  Шеќери и јаглехидрати: Кога и колку се добри за нашата исхрана?

Портокал

Портокалот има овошна киселина и ензими кои ги уништуваат бактериите. Тие освен што имаат одличен ефект за здрави заби и блескава насмевка, ќе придонесат да имате и попријатен здив.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -