Милиони луѓе ширум светот се тресат од страв кога ќе видат игла.
Дали сте и вие меѓу нив, па секое вадење на крв или примање на инекција ви создава шок за системот? Овој едноставен трик ќе ви биде од помош.
Шпанските научници веруваат дека болката во текот на инјекцирањето или давањето на крв ќе биде помала ако силно вдишите и го задржите здивот.
Брзиот и остар здив го поттикнува мозокот да го смири нервниот систем, па лицето со самото тоа станува помалку чувствително на болка. Кога сме под стрес, крвниот притисок се покачува, за мозокот и екстремитетите да имаат „гориво“ во случај на некаква закана.
Телото има природен начин повторно да го намали притисокот. Сензорите за притисок во крвните садови на белите дробови, му испраќаат сигнал на мозокот и му „говорат“ да го намали притисокот. Поради тие сигнали мозокот го опушта нервниот систем, па личноста е помалку чувствителна на болка.
Ова би можело да објасни и зошто луѓето со зголемен крвен притисок имаат поголем праг на болка.