Лоис Кол е веројатно најсреќниот светски патник, и човек кој на најзабавен начин заработува за живот. Тој го минува своето време шетајќи низ светот и документирајќи ги своите искуства.
31-годишниот Aмериканец минува цела година патувајќи и снимајќи ги своите авантури, и потоа објавувајќи ги на Instagram и YouTube каналот именуван „Fun For Louis“.
Најзачудувачки дел од ова негово искуство е фактот што тој воопшто нема трошкови. Половина од нив ги покриваат спонзорите, а другата половина доаѓа од рекламите кои се наоѓаат на неговиот YouTube канал, каде има повеќе од еден милион следбеници. Неговиот профил на Инстаграм пак, го следат околу 800.000 љубители на патувањата, а Лоис има и уште 500.000 обожаватели на Твитер.
Луис не е обичен турист, тој е своевиден номад и истражувач, или како што самиот се нарекува – граѓанин на светот.