Овие работи ја блокираат енергијата во домот

Со цел среќата секогаш да владее во вашиот домот, неопходно е да знаете дека овие пет работи не смеете да ги имате во вашиот интимен простор.

Доколку не се чувствувате добро во станот, можеби причината за тоа лежи во оние неколку работи што ја привлекуваат негативната енергија, барем според науката која се занимава со уредување на просторот – „Фенг шуи“.

Ако го менувате ентериерот во вашиот стан или куќа, прочитајте листа на нешта што би било пожелно да ги избегнете.

Црна врата

Според кинеската философија за ентериери, најсоодветната боја за вашата влезна врата ќе ја изберете во зависност од страната на светот на која што се наоѓа. Црната боја привлекува несреќа доколку вратата се наоѓа на северната страна.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Растенија со боцки

Острите, бодликави растенија се магнет за лоша среќа. Затоа, не е препорачливо да ги чувате во внатрешноста од домот, како на пример кактус.

Календар на погрешно место

Календарот кој се наоѓа на врата потсетува дека животот е минлив и затоа влијае негативно на квалитетот и должината на животот на домашните.

chalkboard_calendar_home_office

Огледало спроти креветот

Постои верување според кое огледалото спроти креветот за спиење привлекува неповолни влијанија кои ќе се одразат на вашата врска или брак.

Слика од бродолом

Доколку стекнете впечаток дека упорно ве следи лоша среќа, време е да ги отстраните сликите од бродолом. Тие се симбол на катастрофа, така што овој мотив влијае негативно на однесувањето и енергијата.

- Реклама -