Британска реклама од минута и пол успеа да го заземе своето место на листата на видео клипови од последната година во светот, кои се сметаат за “златен стандард” во областа на филмското рекламирање, според меѓународниот фестивал во Кан.
Истата ја освои престижната награда “Златен лав” на фестивалот.
Рекламата цели да ги мотивира полничките девојки да спортуваат и да се чувствуваат добро. Изборот на музичката подлога е особено силен, благодарение на ритамот на парчето на Миси Елиот “Get Ur Freak On”, а мотивациски делуваат и натписите во кадрите што рефлектираат мисли на самоуверени девојки кои спортуваат.
Кампањата е дело на Somesuch London / FCB Inferno London, кои зедоа престижното признание за неа. Изработена е за Sport England – бренд под чадорот на англиското Министерството за култура, медиуми и спорт.
Текстовите во „Адвертајзинг“ се поддржани од Via Marketing