Прекрасните фотографии од галеријата подолу, сведочат за неверојатниот ефект кој го создава најголемата Вистерија во Јапонија, или дрвото познато и под името Глицинија.
Лоцирана во цветниот парк Ашикага во Јапонија, импресивната крошна се протега на околу 1990 метри квадратни, а датира од 1970-та година.
Иако наликува на дрво, сепак, станува збор за лоза која лесно се шири, и има потенцијал да стане толку многу тешка, што целосната структура мора да биде задржана на челични држачи.
Благодарение на нив, посетителите во Јапонија имаат можност да прошетаат под раскошната крошна на оваа Глицерија, и да уживаат во розовата и пурпурна светлина која ја креираат волшебните цветови.