Ова уникатно пештерско езерце е толку бистро што е невидливо

Во длабочините на пештерата Poco Azul во националниот парк Chapada Diamantina во Бразил, се крие едно неверојатно езеро и е толку бистро што речиси е невидливо.

Кога светлината продира низ пукнатините на пештерата, водата станува толку проѕирна што тешко можете да одредите каде почнува езерото или дали некој плива или лебди во воздухот. Колку и да звучи чудно, уште почудно е кога ќе го видите тоа со свои очи.

28C58A1E00000578-0-image-a-32_1431944291696[1]

Фотографиите се од Марсио Дуранк, кој при една посета успеа да ја долови неверојатната проѕирност на езерото во 16-метри длабоката подземна пештера, инаку откриена од трагачи по злато уште во 1920-тата година.

2244705281_61e7504ba2_b[1]

Ама чекајте, езерото има уште адути – имено, водата во езерото е топла преку целата година – 23 степени. Не е ни чудно што пештерата е постојана мета на туристите, кои имаат прилика и да пливаат во езерото.

Прочитајте и:  Импактот на вештачката интелигенција врз екологијата: За ладење на ChatGPT-3 биле потребни најмалку 5.4 милиони литри свежа вода

– Кога пливате во ова езеро се чувствувате како да лебдите, како да не сте на оваа планета, вели Марсио.

Премотајте до 18:00 мин. (главниот момент е на 19:00 мин.) и уверете се со свои очи.

- Реклама -