Провокативната реклама за промоција на новата веб страна на најстариот израелски дневен весник Ha’aretz крена прашина.
Дури и вработените во весникот со речиси еден век традиција, бараат рекламата да се отстрани. Спорното видео прикажува двојка во различни секс пози, а мажот цело време се жали како самиот чин на секс застарил, индиректно реферирајќи на традиционалниот имиџ на весникот.