Едно семејство во Колорадо забележало дека водата со која постојано го полнеле бурето кое стоело во нивниот двор, започнала да исчезнува.
Со оглед на волуменот кој го собирало во големиот сад, не можеле никако да разберат кој успева да ја потроши сета таа количина во само еден ден. Бидејќи ова се случувало навистина често, а тие упорно не можеле да го пронајдат одговорот, решиле да постават камера во дворот која ќе снима што се случува.
Она што го откриле најпрво им изгледало навистина застрашувачки, но кога подобро започнале да посматраат, на некој начин започнало да им изгледа симпатично.
Станува збор за мечка, која очигледно често ги посетувала во нивниот двор, и која откако ќе се напиела од водата, си се освежувала на тој начин што целата влегувала во бурето за да се искапе.
Ова семејство дефинитивно не можело ниту да претпостави кој бил вистинскиот виновник за секојдневното исчезнување на водата, а фотографиите извадени од видеото за кусо време станаа вистински вирален хит.