Ова ќе ве изненади! Како изгледа вашето срце!

Дали вежбате редовно? Дали се мрзливи или пушач? Вашето срце ја открива вистината!
Вашето срце е мускулна маса која буквално може да го промени обликот како резултат на вашиот избор на животен стил кој го правите секојневно. Следат неколку основни примери:

Неактивност

Бидете претпазливи за тоа колку често „правите дупка“ на каучот со задникот. Премногу седење може да предизвика раст на перикардијални масти, вид на лигави израстоци кои се лепат на вашето срце и го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Вежбањето само по себе нема да ја отстрани оваа маснотија, па не е доволно да одите во теретана по долг ден поминат во седење пред работното биро. Треба да го поминете вашето целокупно време во помалку седење за да се избегне штетата.

Screenshot_9

 

Пушење

Пушењето го зголемува ризикот за атеросклероза, кое може да ги згрчува и затне вашите артерии, цевките од срцето кои носат крв низ целото тело. Блокираните артерии можат да имаат намален проток на крвта кое води до висок крвен притисок, со што вашето срце ќе работи прекувремено, и како резултат на тоа ги лишува повеќето органи од гориво. И една цигара- или пасивното пушење- може да му наштети на срцето.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Screenshot_7

 

Вежбање

Само 30-минутно кардио вежбање ги зајакнува малите крвни садови, или капиларите, на површината на срцето. Колку поактивни и цврсти се вашите капилари, со толку поголем проток на крв срцето може да се справи- и посилно ќе стане со текот на времето. Со други зборови, ќе зајакне како секој друг мускул. Целете кон 2,5 часа кардио вежби во една недела за да бидете сигурни дека вашите капилари се здрави и јаки.

Screenshot_8

 

- Реклама -