Ова е сè што треба да знаете за кучињата: Питбул плаче на најтажната сцена од „Кралот лав“ (ВИДЕО)

„Кучињата осеќаат“, често ќе речеме, но изгледа не сме ни самите свесни до која мера тоа е вистина.

Ова е 4-месечната Луна, посвоен спасен уличен питбул. Деновиве ги грее срцата на Интернет со својата емоција додека ја гледа најтажната сцена во „Кралот лав“ – моментот кога Симба се обидува да го разбуди татко му. Како што раскажува нејзиниот сопственик – Џош Маерс, таа си играла со играчките и речиси воопшто не обрнувала внимание сè додека не почнала сцената. Тогаш наеднаш запрела и почнала да гледа, но и да си потплачнува. Што ќе беше и логично, ако беше човек.

 

- Реклама -