Ова е најтешката работа во светот

Неодамна на интернет се појави мошне интересен проект на маркетиншката агенција Mullen од Бостон. Имено, тие објавија лажен оглас за „најтешката работа во светот“ за која се пријавиле дури 24 кандидати.

Ова се кандидатите чие интервју за работа беше направено пред веб-камера. Описот за работното место изгледаше и повеќе од брутално:

-цело време треба да стоите;
– од вас очекуваме константен напор;
-работите од 135 до неограничено часови неделно;
-потребно е да знаете се за медицина, финансии и кулинарство;
-одмор – НЕМА. Всушност, работата за време на празници станува уште понапорна;
-нема време за спиење;
-плата – не постои…

Ви препорачуваме да го изгледате видеото до крај и да откриете што се крие зад целата идеја на огласот.

- Реклама -