Иако изгледа како Трансфоремер, Ghe-О Rescue е реално возило. Вода, оган, кал и снег не му можат ништо на овој „ѕвер на четири тркала“, поради што е идеален за спасувачки мисии, а доаѓа (верувале или не), од Романија.
Компанијата Ghe-О Motors e специјализирана за производство на брутални off-road возила. Но, од нејзините три производни линии, само една е спортска, додека другите две се наменски. Веќе популарниот Ghe-О Firefighter (користен за гасење пожари на недостапни терени), доби нов, „поголем брат“ со име Ghe-O Rescue!
Новиот SUV е џин од 5 метри со тежина од 3,2 тони, со понуда за моторизација составена од бензински и дизел мотори со опсег на моќност од 218 до 500 КС. Располага со еден куп екстензии за поврзување на противпожарни пумпи, балони за вода, траки за снег, рилка за предниот дел, како и санки за транспорт на товар и луѓе. Само во кабината може да се сместат 11 патници, а благодарение на нагодувањето на тркалата и висината на возилотоможе да се вози по навистина неверојатни терени. Овој „ѕвер“ е поголем а полесен од Hummerи поспособен Land Rover.
Во продолжение, погледнете за што станува збор.