Геолозите забележаа едно трнливо растение што исклучиво расте само таму каде што има куп дијаманти под земјата.
Истражувачите од Интернационалниот Универзитет на Флорида, сметаат дека растението – pandanus candelabrum – расте врз коритата од течна лава и дека е лесен знак да препознаете дека под него се крие рудник на дијаманти. Растението е прво од ваков вид, а би можело да им донесе милиони на трагачите по дијаманти.
Потекнува од Либерија – Африканска земја богата со дијаманти, но „распарчена“ од граѓанските војни и неодамнешната епидемија на ебола.
Стивен Шири, геолог на Институцијата за наука во Карнеги, смета дека трагачите ќе го бараат растението како луди.