Не знаете што да облечете, а немате ниту идеја? Ова 4-годишно девојче ви нуди едно доста интересно решение. Таа ги прави нанеобичните креации, и тоа од хартија. Погледнете што се може да се направи кога една мајка и ќерка со заеднички сили ќе почнат да ја изразуваат својата креативност.
Корисничката на Инстаграм „@2sisters_angie“ веќе неколку месеци постојано прикачува фотографии на кои можат да се видат креациите кои ги создаваат таа и нејзината ќерка Мејхем. Иако на почетокот парчињата изгледале како смешни замотани партали, денес тие изгледаат се подобро и подобро.
Мејхем на почетокот започнала да прави облеки за своите кукли, а подоцна започнала и за себе. Нејзиниот интерес кон модата е се поголем и пофасцинантен.
Идеите се разновидни, како и изборот на додатоци, иако суштината секогаш лежи во хартијата, без разлика на нејзината форма. Инспирацијата пак ја црпи од секаде. Од познатите телевизиски ликови, до принцезите од сликовниците и целокупното опкружување.