Во четврток, на 27 јуни во 19.30 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски. Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.
Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.
Изложбата ќе биде поставена до 10. 07. 2024 г.