Отворена изложбата „Од колекциите на Скопје“

Изложбата „Од колекциите на Скопје“ во Музејот на град Скопје ќе биде поставена до 15 декември, а за неа е одпечатен и репрезентативен каталог.

od-kolekciite

На изложбата ќе бидат презентирани 142 дела кои потекнуваат од уметничките збирки кои се сопственост на Град Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје, ЈП Водовод и канализација-Скопје, ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, ЈУ Културно информативен центар, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ и секако ЈУ Музеј на град Скопје. Изложбата се организира под покровителство на Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а реализатор на изложбата е ЈУ Музеј на град Скопје.

 

Прочитајте и:  Мултимедијлниот настан „Уметност и музика” во уметничката галерија на Градскиот музеј од Крива Паланка
- Реклама -