Во Хунан провинцијата во кина бил отворен највисокиот и најдолг висечки мост во светот. Мостот е долг 1146 метри и се наоѓа 350 метри над долината. Мост Аижаи бил изграден како дел од автопат кој ја поврзува општината Чонгкинг со градот Чангша во Хунан провинцијата во Кина. Отворањето на мостот го скусува патувањето меѓу овие локации на само осум часа.
Мостот бил започнат во октомври 2007 и сега најпосле е отворен за сообраќај. Возењето преку мостот, кој поврзува два тунели, на возачите им нуди неверојатен поглед на кањонот Деханг. Мостот е отворен и за пешачки сообраќај по специјална пешачка патека која е осветлена со 1888 светилки.