Отворен Европскиот куп во параглајдинг „OHRID FLY FESTIVAL“


Во рамки на одбележувањето на јубилејот – 80 Години од ослободување на градот Охрид, денеска се одржа свеченото отворање на Европскиот куп во параглајдинг.

Наредниве 3 дена Охрид ќе биде центарот на адреналинските збиднувања во регионот, каде на натпреварувањето кое се организира под наслов „Ohrid fly Festival“, пријавени се да настапат 47 натпреварувачи од 24 земји.

На Европскиот куп во параглајдинг учесниците ќе се натпреваруваат во индивидуална и тимска категорија, во машка и женска конкуренција.

Во организацијата на Европскиот куп во параглајдинг „Ohrid fly Festival“, која е под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, активно се вклучија пропадници на АРМ, Сојузот на средношколски спорт и голем број на спонзори.

- Реклама -