Отстранување на шминката на сосема природен начин

Излезени сте – дотерани, нашминкани и си поминувате одлично, но пред да заспиете посегнувате кон средството за отстранување на шминка и сфаќате дека завршило.

Не грижете се, туку отворете го ладилникот и побарајте алтернативно решение, кое што ќе биде еднакво ефикасно.

1. Млечни производи: Специјализираните средства за отстранување на шминка, лесно може да ги замени млекото со кое што наутро ги прелевате житариците или го ставате во кафе. Имено, млекото или јогуртот можат совршено да го исчистат лицето, но и да ја негуваат кожата.

homemade_makeup_removers_recipes

2. Сок од свежа краставица: Излупете ја краставицата, изрендајте ја и исцедете сок, со кој што потоа нежно ќе ја отстраните шминката од лицето. Краставицата е инаку одличен природен избелувач. кој ќе ја отстрани шминката, но и ќе го освежи лицето, па овој сок можете да го користите и за утринско миење.

cucumber-new1

3, Маслиново масло: Не постои ништо толку ефикасно за отстранување на туш и римел од капакот и трепките како што е маслиновото масло. Не само што ефикасно ја отстранува шминката од лицето, туку и ја храни кожата.

- Реклама -